Акцискиот спектакл на Кристофер Нолан „Одисеја“ сниман со 70 милиметарски камери кој се прикажува и во Ајмакс кината ширум светот, продолжува да соборува рекорди. Филмот за пет дена прикажување веќе има заработка од 304 милиони долари, а 22 милиони долари заработи само во вторникот во САД.

Веќе по овој викенд филмот се очекува да се пробие на седмото место според заработка оваа година, а „Одисеја“ која имаше продукциски буџет од 250 милиони долари е на пат да стане филм со најголема заработувачка оваа година и да го надмине последниот филм на Нолан „Опенхајмер“.

Во филмот главните улоги ги толкуваат Мет Дејмон, Ен Хатавеј и Том Холанд, а  има одлични оценки и од стручната критика и од публиката.

 

Слични новости

Скромниот бас виртуоз од Чаир Љубе Кучкар

Скромниот бас виртуоз од Чаир Љубе Кучкар

Стално го напињав зошто не свири професионално со таков талент. Еднаш ми рече : „Саки се уморив да се бркам. Ја бркав ритам машината на Кики у Бастион, а после го бркав Гаро на бубњеви у Парамециум. А Гаро е бетер од ритам машина“.