Летниот блокбастер „Одисеја“ на Кристофер Нолан и натаму царува на Бокс офисот пред очекуваната премиера на новиот „Спајдермен“ овој викенд.
„Одисеја“ само во САД заработи 123,5 милиони долари на премиерниот викенд и неочекувано високи 87 милиони долари минатиот викенд, што е пад од само 30 насто што е исклучително добро за ваков вид на блокбастер.
„Одисеја“ глобално веќе има заработка од 652 милиони долари и е веќе на седмо место според заработката во 2026 година.
Во меѓувреме „Тој стори“ 5 на Дизни надмина заработка од една милијарда долари и стана најуспешен филм годинава на кино благајните.
Слични новости
Евтаназијата легализирана во цела Австралија
Според усвоените одредби, барање може да поднесат полнолетни лица заболени од неизлечива болест, за која се проценува дека ќе доведе до смрт во рок од најмногу 12 месеци. Исполнетоста на барањето мора да го потврдат двајца независни лекари.
„Мета“ се согласи на судска спогодба, ќе плати и над 16 милијарди долари
Американската компанија Мета, во чија сопственост се мрежите Фејсбук и Инстаграм, се согласи да плати максимум 16,68 милијарди долари и да воведе значајни промени на своите платформи за да го заврши спорот со 29 американски држави кои ја обвинија дека ги дизајнирала социјалните мрежи да создадат зависност кај децата.
Повеќе од 20 000 луѓе во најголемата светска борба со домати
Камиони полни со домати минуваа низ масата луѓе, додека луѓето од нив фрлаа домати врз насобраните, пренесуваат шпанските медиуми. Оваа година во борбата биле искористени 165 тони домати.


