Британскиот режисер Кристофер Нолан ги надмина „Темниот витез“ и „Успонот на темниот витез“ комерцијално најуспешните филмови на режисерот што ги сними за Ворнер со филмот „Одисеја“ на студиото Универзал.
Универзал соопшти дека во неделата „Одисеја“ работена според епот на Хомер заработи 1.104 милиони долари на Бокс офисот, со што ги надмина легендарните бетмени „Успонот на темниот витез“ кој заработи 1.085 милијарди долари и „Темниот витез“ кој заработи малку над милијарда долари.
„Одисеја“ заработи 290 мииони долари во Ајмакс кината со што стана филм со најголема заработка на Ајмакс на сите времиња.
Слични новости
Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години
Забранет пристап до социјалните мрежи за деца до 15 години воведува Франција од јануари откако го донесе законот. Со тоа Франција станува првата европска земја што воведува целосна забрана за користење на тие платформи за деца, а сите корисници ќе мора да ја потврдат својата возраст.
Црн биланс на прославата на титулата во Шпанија : двајца загинати и најмалку 80 повредени
За време на прославата на победата на шпанската фудбалска репрезентација во финалето на Светското првенство две лица загинаа, најмалку 80 се повредени, а 12 лица се уапсени, пренесува денеска шпанската агенција ЕФЕ.
Грција на удар на нов жежок бран
Грција е на удар на топлотен бран, а според пишувањето на грчките медиуми термалните камери забележаа температура и до 60 степени Целзиусови на асфалтот на сообраќајниците и дури 75 степени Целзиусови на покривите на зградите во некои подрачја.

