Студиото Универзал соопшти дека на 11 декември повторно ќе почне да го емитува филмот „Одисеја“ на Кристофер Нолан во над 1.000 американски кино сали и во сите формати, вклучувајќи ги и ИМАКС и ИМАКС 70 мм.

Одисеја во САД заработи 626 милиони долари летово, а глобално дури 1,8 милијарди долари. Универзал во септември соопшти дека филмот го надмина дотогаш најгледаниот филм во историјата на Универзал „Светот Јура“ од 2015-та.

„Одисеја“ стана најуспешниот филм од аспект на заработка на Кристофер Нолан откако го надмина „Успонот на Темниот витез“ од 2012 кој беше трет дел од Нолановата трилогија за Бетмен.

Враќањето на филмот во кината во декември е поради сезоната на Златните глобуси и Оскарите, а Универзал се надева дека „Одисеја“ ќе има номинации во клучните категории.

Слични новости

„Практична магија 2“ се очекува да го собори Спајдермен на врвот од американскиот Бокс Офис по шест недели

„Практична магија 2“ се очекува да го собори Спајдермен на врвот од американскиот Бокс Офис по шест недели

Филмот „ „Практична магија 2“ на студиото Ворнер Брос се очекува викендов да го зазеде првото место на американскиот Бокс офис по шест недели царување на Спадјдермен. Филмот почна да се прикажува во 4.000 кина во САД, а вториот дел во кој главните улоги повторно ги толкуваат Сандра Булок и Никол Кидман се сними 28 години по првиот дел.