Русија изврши нов масовен воздушен напад врз Украина со еден балистички проектил и 206 беспилотни летала, при што најтешко беше погодена Одеса, каде што најмалку 18 лица се повредени, а оштетени се станбени згради, градинка, трговски центар, хотел, административни објекти и возила.

Нападот врз јужниот украински град се случи во текот на ноќта и е втор ваков удар врз Одеса оваа недела.

Најголеми оштетувања се пријавени во централниот Приморски реон, каде што биле погодени висококатници и петкатни станбени згради, а пожарите што избувнале на кровови и горни катови подоцна биле локализирани.

Одеса, како важно пристаниште на Црното Море и еден од клучните украински извозни центри, останува честа цел на руските напади.

Само неколку дена претходно, во друг напад врз градот беа повредени 14 лица, а оштетени беа станбени објекти, хотел и возила.

Слични новости

Царините на САД паднаа на суд, Америка враќа 166 милијарди долари

Царините на САД паднаа на суд, Америка враќа 166 милијарди долари

Администрацијата на Доналд Трамп почна да прима барања од компании за враќање на повеќе од 166 милијарди долари наплатени царини, откако Врховниот суд на САД пресуди дека претседателот немал законско овластување да ги воведе преку вонредните економски овластувања.

САД запленија брод под иранско знаме

САД запленија брод под иранско знаме

Веста ја доведе во прашање претходната најава на претседателот на САД Доналд Трамп дека американските преговарачи ќе се упатат кон Пакистан денеска на уште една рунда разговори со Иран и веднаш ја крена цената на нафтата на светските берзи.