Русија изврши нов масовен воздушен напад врз Украина со еден балистички проектил и 206 беспилотни летала, при што најтешко беше погодена Одеса, каде што најмалку 18 лица се повредени, а оштетени се станбени згради, градинка, трговски центар, хотел, административни објекти и возила.
Нападот врз јужниот украински град се случи во текот на ноќта и е втор ваков удар врз Одеса оваа недела.
Најголеми оштетувања се пријавени во централниот Приморски реон, каде што биле погодени висококатници и петкатни станбени згради, а пожарите што избувнале на кровови и горни катови подоцна биле локализирани.
Одеса, како важно пристаниште на Црното Море и еден од клучните украински извозни центри, останува честа цел на руските напади.
Само неколку дена претходно, во друг напад врз градот беа повредени 14 лица, а оштетени беа станбени објекти, хотел и возила.
Слични новости
Тајмс: Финците замолени да не ја понижуваат американската армија
Американската војска е многу послабо подготвена за воени дејства во арктички услови во однос на вооружените сили на северноевропските земји и покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека само САД може ефикасно да го бранат Гренланд, пишува британкиот весник „Тајмс“.
НАТО се ближи кон својот крај, тврдат американски експерти
НАТО каков што го познававме беше сојуз кој беше темел на трансатлантската безбедностповече од 75 години, но сега НАТОсе ближи кон својот крај, рече Рајан Менон професор по меѓународни односи и колумнист на Њујорк тајмс.
Песков: Повлекувањето на УКраинците од Донбас е клучен услов за завршување на конфликтот
Русија денеска соопшти дека и натаму бара Украина да ги повлече своите вооружени сили од источниот дел на земјата како предуслов за решавање на конфликтот, во пресрет на разговорите во Абу Даби меѓу руски, украински и американски претставници.


