Русија изврши нов масовен воздушен напад врз Украина со еден балистички проектил и 206 беспилотни летала, при што најтешко беше погодена Одеса, каде што најмалку 18 лица се повредени, а оштетени се станбени згради, градинка, трговски центар, хотел, административни објекти и возила.
Нападот врз јужниот украински град се случи во текот на ноќта и е втор ваков удар врз Одеса оваа недела.
Најголеми оштетувања се пријавени во централниот Приморски реон, каде што биле погодени висококатници и петкатни станбени згради, а пожарите што избувнале на кровови и горни катови подоцна биле локализирани.
Одеса, како важно пристаниште на Црното Море и еден од клучните украински извозни центри, останува честа цел на руските напади.
Само неколку дена претходно, во друг напад врз градот беа повредени 14 лица, а оштетени беа станбени објекти, хотел и возила.
Слични новости
Брисел размислува да го укине ветото
Европската унија ја разгледува можноста за укинување на правото на вето во сферата на надворешната и безбедносната политика, изјави високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Каја Калас.
Пентагон предупредува на можност од војна во САД
Новата национална одбранбена стратегија на САД предупредува дека идните судири би можеле да се водат не само надвор од границите на САД, туку и директно на американска почва, пренесе Фокс њуз.
САД денеска и формално се повлекоа од Париската климатска спогодба
Америка денеска и формално се повлече од Париската климатска спогодба, клучната меѓународна рамка за борба против глобалното затоплување.


