Русија изврши нов масовен воздушен напад врз Украина со еден балистички проектил и 206 беспилотни летала, при што најтешко беше погодена Одеса, каде што најмалку 18 лица се повредени, а оштетени се станбени згради, градинка, трговски центар, хотел, административни објекти и возила.
Нападот врз јужниот украински град се случи во текот на ноќта и е втор ваков удар врз Одеса оваа недела.
Најголеми оштетувања се пријавени во централниот Приморски реон, каде што биле погодени висококатници и петкатни станбени згради, а пожарите што избувнале на кровови и горни катови подоцна биле локализирани.
Одеса, како важно пристаниште на Црното Море и еден од клучните украински извозни центри, останува честа цел на руските напади.
Само неколку дена претходно, во друг напад врз градот беа повредени 14 лица, а оштетени беа станбени објекти, хотел и возила.
Слични новости
24 часовен штрајк на јавниот превоз во Германија
Германија се соочува со голем 24-часовен штрајк во јавниот превоз, на кој повика синдикатот Верди и кој опфаќа околу 150 комунални и претпријатија за локален транспорт.
Зеленски потврди трилатерални разговори Украина–САД–Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија ќе се одржат во среда и четврток во Обединетите Арапски Емирати.
Европа ги проширува воено-безбедносните планови на Арктикот
Европските политичари се обидуваат да испратат сигнал до Вашингтон дека се способни самостојно да придонесат за заштита на американските интереси во поларниот регион, без да напаравт отстапки по прашањето на Гренланд.