Русија изврши нов масовен воздушен напад врз Украина со еден балистички проектил и 206 беспилотни летала, при што најтешко беше погодена Одеса, каде што најмалку 18 лица се повредени, а оштетени се станбени згради, градинка, трговски центар, хотел, административни објекти и возила.
Нападот врз јужниот украински град се случи во текот на ноќта и е втор ваков удар врз Одеса оваа недела.
Најголеми оштетувања се пријавени во централниот Приморски реон, каде што биле погодени висококатници и петкатни станбени згради, а пожарите што избувнале на кровови и горни катови подоцна биле локализирани.
Одеса, како важно пристаниште на Црното Море и еден од клучните украински извозни центри, останува честа цел на руските напади.
Само неколку дена претходно, во друг напад врз градот беа повредени 14 лица, а оштетени беа станбени објекти, хотел и возила.
Слични новости
Нови преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД во Женева
Разговорите во Женева се продолжение на претходните средби во Обединетите Арапски Емиратина на кои немаше значаен напредок, освен што беше договорена размена на заробеници.
Најсилен напад на Украина врз Русија од почетокот на војната
Украина го изведе најсилниот напад врз Русија од почетокот на војната, а погодени биле неколку руски области, при што главна цел на нападите биле енергетските постројки.
Анкетите во Бугарија покажуваат дека Радев е фаворит на претстојните избори
Доколку изборите се одржат сега, коалицијата на Румен Радев би добила 25,6 отсто од гласовите на оние кои се изјасниле дека ќе гласаат. На второ место е ГЕРБ со 15,4 проценти


