Русија изврши нов масовен воздушен напад врз Украина со еден балистички проектил и 206 беспилотни летала, при што најтешко беше погодена Одеса, каде што најмалку 18 лица се повредени, а оштетени се станбени згради, градинка, трговски центар, хотел, административни објекти и возила.
Нападот врз јужниот украински град се случи во текот на ноќта и е втор ваков удар врз Одеса оваа недела.
Најголеми оштетувања се пријавени во централниот Приморски реон, каде што биле погодени висококатници и петкатни станбени згради, а пожарите што избувнале на кровови и горни катови подоцна биле локализирани.
Одеса, како важно пристаниште на Црното Море и еден од клучните украински извозни центри, останува честа цел на руските напади.
Само неколку дена претходно, во друг напад врз градот беа повредени 14 лица, а оштетени беа станбени објекти, хотел и возила.
Слични новости
Аксиос: Трамп ги разгледува опциите за Иран, вклучително и воена акција
Администрацијата на САД ги разгледува сите опции за Иран, а дипломатското решение кое би било прифатливо за Вашингтон е на Иран да му се дозволи „симболично“ збогатување на ураниум, под услов да нема можност за развој на нуклеарна бомба.
Британската Монархија во огромна криза по апсењето на поранешниот Принц Ендру
Британското кралско семејство се соочува со најтешката институционална криза во последните 90 години, откако беше уапсен Ендру Маунтбатен-Виндзор под сомнение за злоупотреба на јавна функција и поради неговата поврзаност со Џефри Епстин кој беше осуден сексуален претсапник.
Си-Ен-Ен: Американската војска е подготвена уште викендов да го нападне Иран
Американската војска е подготвена уште викендов да го нападне Иран, иако претседателот на Соединетите Амеерикански Држави Доналд Трамп сè уште не донел конечна одлука за одобрување на таква акција, пренесува „Си-Ен-Ен“.


