Русија изврши нов масовен воздушен напад врз Украина со еден балистички проектил и 206 беспилотни летала, при што најтешко беше погодена Одеса, каде што најмалку 18 лица се повредени, а оштетени се станбени згради, градинка, трговски центар, хотел, административни објекти и возила.
Нападот врз јужниот украински град се случи во текот на ноќта и е втор ваков удар врз Одеса оваа недела.
Најголеми оштетувања се пријавени во централниот Приморски реон, каде што биле погодени висококатници и петкатни станбени згради, а пожарите што избувнале на кровови и горни катови подоцна биле локализирани.
Одеса, како важно пристаниште на Црното Море и еден од клучните украински извозни центри, останува честа цел на руските напади.
Само неколку дена претходно, во друг напад врз градот беа повредени 14 лица, а оштетени беа станбени објекти, хотел и возила.
Слични новости
Следната рунда преговори меѓу Украина и Русија во Абу Даби
Украинскиот претседател Володијмир Зеленски изјави дека следната рунда преговори со Русија „најверојатно“ ќе се одржи во Абу Даби на почетокот на март.
Пакистан го бомбардираше Аввганистан и соопшти дека двете земји се во отворена војна
Пакистан бомбардираше талибански владини цели во големите градови во Авганистан, потврдија официјални лица од двете земји, при што пакистанскиот министер за одбрана Хаваја Мухамад Асиф го опиша конфликтот како отворена војна.
Холандија доби нова малцинска влада
Новата малцинска влада на Холандија на чело со мандатарот Роб Јетен денеска треба да положи заклетва.


