Русија изврши нов масовен воздушен напад врз Украина со еден балистички проектил и 206 беспилотни летала, при што најтешко беше погодена Одеса, каде што најмалку 18 лица се повредени, а оштетени се станбени згради, градинка, трговски центар, хотел, административни објекти и возила.
Нападот врз јужниот украински град се случи во текот на ноќта и е втор ваков удар врз Одеса оваа недела.
Најголеми оштетувања се пријавени во централниот Приморски реон, каде што биле погодени висококатници и петкатни станбени згради, а пожарите што избувнале на кровови и горни катови подоцна биле локализирани.
Одеса, како важно пристаниште на Црното Море и еден од клучните украински извозни центри, останува честа цел на руските напади.
Само неколку дена претходно, во друг напад врз градот беа повредени 14 лица, а оштетени беа станбени објекти, хотел и возила.
Слични новости
Иран ја погоди базата „Принц Султан“ во саудиска Арабија ранети 12 американски војници
Најмалку 12 американски војници се ранети при ирански ракетен напад врз воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија, јавија западни медиуми, повикувајќи се на официјални претставници на САД.
Бараж балистички ракети кон Израел – Хутите се вклучија во војната на Блискиот Исток
Јеменските Хути кои имаат поддршка од Иран потврдија дека за првпат го нападнаа Израел од почетокот на американско-израелската воздушна кампања против Иран.
Мисија за враќање на бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец
Обединетите Арапски Емирати им соопштија на своите сојузници дека се подготвени да учествуваат во мултинационална поморска мисија за враќање на бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец, објави „Фајненшл тајмс“.


