Русија изврши нов масовен воздушен напад врз Украина со еден балистички проектил и 206 беспилотни летала, при што најтешко беше погодена Одеса, каде што најмалку 18 лица се повредени, а оштетени се станбени згради, градинка, трговски центар, хотел, административни објекти и возила.
Нападот врз јужниот украински град се случи во текот на ноќта и е втор ваков удар врз Одеса оваа недела.
Најголеми оштетувања се пријавени во централниот Приморски реон, каде што биле погодени висококатници и петкатни станбени згради, а пожарите што избувнале на кровови и горни катови подоцна биле локализирани.
Одеса, како важно пристаниште на Црното Море и еден од клучните украински извозни центри, останува честа цел на руските напади.
Само неколку дена претходно, во друг напад врз градот беа повредени 14 лица, а оштетени беа станбени објекти, хотел и возила.
Слични новости
Трамп го повика Иран „да се опамети“
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран нема да може да постигне договор со САД доколку во него не биде опфатено и прашањето на нуклеарната програма.
Трамп: Иран ме извести дека е во колапс и не знаат кој ја води земјата
Доналд Трамп кажа дека Иран го информирал дека се наоѓа во состојба на колапс, откако изрази незадоволство од последниот предлог на Техеран за решавање на двомесечниот конфликт.
Косово оди на нови предвремени парламентарни избори
Од синоќа на полноќ, кога политичките партии не постигнаа консензус за избор на наследник на Вјоса Османи, чиј мандат истече минатиот месец, парламентот по автоматизам се распушти.


