Русија изврши нов масовен воздушен напад врз Украина со еден балистички проектил и 206 беспилотни летала, при што најтешко беше погодена Одеса, каде што најмалку 18 лица се повредени, а оштетени се станбени згради, градинка, трговски центар, хотел, административни објекти и возила.
Нападот врз јужниот украински град се случи во текот на ноќта и е втор ваков удар врз Одеса оваа недела.
Најголеми оштетувања се пријавени во централниот Приморски реон, каде што биле погодени висококатници и петкатни станбени згради, а пожарите што избувнале на кровови и горни катови подоцна биле локализирани.
Одеса, како важно пристаниште на Црното Море и еден од клучните украински извозни центри, останува честа цел на руските напади.
Само неколку дена претходно, во друг напад врз градот беа повредени 14 лица, а оштетени беа станбени објекти, хотел и возила.
Слични новости
По изборите во Унгарија Словачка блокира 90 милијарди евра за Киев
Братислава би можела да ја преземе улогата на главен противник на новиот финансиски пакет на Европската унија за Украина, по политичките промени во...
Либан во преговори со Израел за запирање на војната
Аналитичарите оценуваат дека либанската влада „нема што да понуди“ во преговорите, бидејќи не може да гарантира клучен услов – разоружување на Хезболах.
ОН: Кризата во Ормускиот Теснец може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството
Обединетите нации соопштија дека кризата во Ормускиот Теснец може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството.


