Русија изврши нов масовен воздушен напад врз Украина со еден балистички проектил и 206 беспилотни летала, при што најтешко беше погодена Одеса, каде што најмалку 18 лица се повредени, а оштетени се станбени згради, градинка, трговски центар, хотел, административни објекти и возила.
Нападот врз јужниот украински град се случи во текот на ноќта и е втор ваков удар врз Одеса оваа недела.
Најголеми оштетувања се пријавени во централниот Приморски реон, каде што биле погодени висококатници и петкатни станбени згради, а пожарите што избувнале на кровови и горни катови подоцна биле локализирани.
Одеса, како важно пристаниште на Црното Море и еден од клучните украински извозни центри, останува честа цел на руските напади.
Само неколку дена претходно, во друг напад врз градот беа повредени 14 лица, а оштетени беа станбени објекти, хотел и возила.
Слични новости
Најава за втора рунда разговори Иран-САД
Официјални претставници потврдија дека разговорите за можен втор круг мировни преговори со Техеран се во тек и ги оценија како „продуктивни“.
Трамп и упати писмо на Кина да не испраќа оружје на Иран, Пекинг демантираше
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека писмено побарал од кинескиот претседател Си Џинпинг да не дава оружје на Иран. Кинескиот претседател му одговорил дека Кина не го снабдува Иран со оружје.
Хезболах: Преговорите на либанската влада со Израел се национален грев
Состанокот меѓу Израел и Либан што го организираше американскиот министер за надворешни работи Марк Рубио е прв директен разговор меѓу Израел и Либан во последните 10-години.


