Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, поради сомневање за злоупотреба на службената должност.
Според информациите, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 9 декември 2025 година доставил кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против О.С. (49) од Куманово. Тој се сомничи дека, додека ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи во 2021 година, спротивно на законот овозможил приватен оператор за технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист во висина од 5.565.927 денари.
Како што наведува МВР, поранешниот министер ја искористил службената позиција и намерно не донел решение за одземање на овластувањето на правното лице, иако надлежната организациска единица за граѓански работи навремено поднела предлог за тоа. Законската обврска предвидува донесување решение во рок од најдоцна 15 дена од приемот на предметот, но О.С. не постапил согласно член 65 став 3 од Законот за возила и член 5 од Правилникот што ја уредува постапката за издавање и одземање на овластувања за технички преглед.
Поради овие пропусти, техничкиот центар продолжил да работи без да биде санкциониран, со што, според пријавата, била овозможена значителна незаконска добивка.
Слични новости
Затворен граничниот премин Евзони од 11 часот
Граничниот премин Евзони од денеска во 11:00 часот е затворен за сообраќај, информира АМСМ. Засега нема информации кога ќе биде повторно отворен преминот.
Катица Јанева условно пуштена од „Идризово“
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби условен отпуст и на почетокот на неделата го напушти затворот „Идризово“, иако нејзината затворска казна формално трае до 2027 година.
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
Дескоска нагласува дека станува прва потпретседателка на Венецијанската комисија која доаѓа од Северна Македонија, но и воопшто од земја која не е членка на Европската унија


