Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, поради сомневање за злоупотреба на службената должност.
Според информациите, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 9 декември 2025 година доставил кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против О.С. (49) од Куманово. Тој се сомничи дека, додека ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи во 2021 година, спротивно на законот овозможил приватен оператор за технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист во висина од 5.565.927 денари.
Како што наведува МВР, поранешниот министер ја искористил службената позиција и намерно не донел решение за одземање на овластувањето на правното лице, иако надлежната организациска единица за граѓански работи навремено поднела предлог за тоа. Законската обврска предвидува донесување решение во рок од најдоцна 15 дена од приемот на предметот, но О.С. не постапил согласно член 65 став 3 од Законот за возила и член 5 од Правилникот што ја уредува постапката за издавање и одземање на овластувања за технички преглед.
Поради овие пропусти, техничкиот центар продолжил да работи без да биде санкциониран, со што, според пријавата, била овозможена значителна незаконска добивка.
Слични новости
СДСМ обвинува: Молкот на ДПМНЕ околу Резолуцијата потврдува договори за мигранти
СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ одбива да ја потпише Резолуцијата со која, како што наведуваат, граѓаните би добиле јасна и институционална гаранција дека во Македонија нема да има мигранти, оценувајќи дека ваквиот став укажува на постоење скриена агенда
Спречен увоз на 26 тони пилешко месо од Бразил
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз
Граничните премини кон Грција блокирани со часови
Викендов во одредените периоди повторно ќе бидат зтворени граничните премини Евзони – Богородица и Ники – Меџитлија, на македонско-грчката граница. Времето во кое не се пропуштаат возила останува исто, од 12.00-16.00 и од 18.00-22.00 часот по грчко време.


