По повод 73. роденден на големиот драмски автор Горан Стефановски, денеска, кај спомен-клупата во Дебар маало ќе се одржи настанот „Горан е тука“.

Како што стои во соопштението на Општина Центар, на одбележувањето ќе настапи музичката група „Аудио Скопје“ и ќе се читаат одбрани текстови од и за Горан, во изведба на Саша Димитриевска, Мирјана Трпковска – Костовска и Трајанка Илиева – Вељиќ.

 

Со свои настапи, додаваат, ќе се приклучат и пријатели од неговата младост, актери и уметници, Дарко Вељиќ ќе изведе пантомима, додека неговиот син Игор Стефановски ќе приреди музички сет како симболичен поздрав до ликот и духот на својот татко.

„Горан Стефановски не беше само писател – тој беше совеста на едно време, гласот што не потсетува кои сме и каде одиме. Неговите зборови сè уште одекнуваат во културниот простор на Македонија, во нашите мисли, во улиците на Дебар Маало. Со секој збор што го напишал, тој создал светови во кои се огледува нашето минато и иднина. За нас е чест што преку овој настан, дел од Програмата за култура за 2025, му оддаваме почит на еден од најголемите умови што ги имала оваа земја. Придружете ни се во овој свечен и искрен омаж на човекот чиј дух продолжува да живее преку неговите реченици и идеи. Горан не е само спомен – тој е присуство. Горан е тука“, вели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. 

Организатор на настанот е Здружението на граѓани Тим Театрос К од Скопје, кое со години го негува сеќавањето на Стефановски.

globe

Слични новости

Соопштени имињата на музичарите кои ќе влезат во Рок енд Рол куќата на славните во 2025

Соопштени имињата на музичарите кои ќе влезат во Рок енд Рол куќата на славните во 2025

Станува збор за Бед Компани, Чаби Чекер, Џо Кокер, Синди Лопер, Ауткаст, Саундгарден и Вајт Страјпс. Од номинираните кои годинава не успејаа да се најдат во Куќата на славните се Мараја Кери, Били Ајдол, Џој Дивижн/Њу Ордер, Мана, Оејзис и Фиш.

Френсис Форд Копола добитник на наградата за животно дело АФИ

Френсис Форд Копола добитник на наградата за животно дело АФИ

Шесткратниот Оскаровец Копола е 50 добитник на наградата АФИ, која означува најголема чест за филмска кариера во Америка. Копола има освоено шест Оскари вклучувајќи и за најдобра режија во 1975 за „Кум 2“, кој исто така ги освои Оскарите и за надобар филм и најдобро сценарио.