На светските берзи повторно владее загриженост што придонесе за остар пад на акциите, нафтата и пред се племенитите метали.

Вредноста на среброто која во минатата година речиси беше удвоена, падна за 30 насто, што претставува најголем пад во еден ден на овој племенит метал од 1980-тата година.

Златото падна за големи девет проценти.

Причината за силнииот пад на берзанските цени е загиженоста за потенцијално построга политика на американските федерални резерви, како и пренатрупаните позиции на пазарите на стоки, што го засили поширокото повлекување од ризик.

Слични новости

Кина ги надмина САД како главен трговски партнер на Германија

Кина ги надмина САД како главен трговски партнер на Германија

Кина ги претекна САД како главен трговски партнер на Германија, покажуваат податоците на германскиот Сојузен завод за статистика, додека канцеларот Фридрих Мерц се подготвува за првата посета на Пекинг од стапувањето на должноста