Цените на криптовалутите драматично паднаа а една од причините се најавените нови царини кон Кина што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп. Комбинацијата од висок левериџ, автоматски продажби и недостиг од ликвидност во необични часови на глобалното тргување го засили она што инаку би бил поблаг пад.

Во криптосветот, повиците не функционираат како на традиционалните пазари – кога вредноста на колатералот паѓа, алгоритмите автоматски продаваат имот. Тоа значи дека инфраструктурата која овозможува тргување 24 часа дневно, истовремено го зголемува ризикот од брзи верижни загуби.

Бидејќи Трамп ја објави својата одлука за време на празничен викенд во САД – по затворањето на нивните пазари и пред целосното отворање на Европа и Азија – активни купувачи и продавачи имаше многу малку.

Ликвидациите беа концентрирани кај помалите криптовалути – таканаречените алткоини – додека биткоин и етер поминаа нешто подобро. Кај алткоините левериџот е повисок, а ликвидноста значително пониска.

Загубите кај инвеститорите се проценуваат на 19 милијарди евра, а повеќе од 1,6 милиони трговци со криптовалути беа ликвидирани.

Слични новости

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот постигнат од Нетфликс за купување на Ворнер Брос. Дискавери „може да биде проблем“ поради големината на комбинираниот пазарен удел