Одењето побрзо од шест километри на час во Словаќка ќе биде забрането. Словачкиот парламент усвои амандман на законот за сообраќај со кој од Први јануари 2026 се воведува ограничување на брзината од шест километри на час за пешаци, скејтери, и возачи на тротинети во урбаните средини.
Како што истакнуваат медиумите, не е јасно како полицијата ќе го спроведе законот и ќе ја мери брзината на пешаците, кои просечно се движат со брзина меѓу 4 и 5 километри на час.
Словачкото министерство за внатрешни работи изрази сомневање во оправданоста на мерката и истакна дека би било пологично да се забранат електричните тротинети на тротоарите, отколку да се воведе општо ограничување на брзините.
Слични новости
Гиљермо дел Торо добитник на наградата на Британскиот филмски институт
Наградата BFI Fellowship, претхдно ја добија славните режисери Орсон Велс, Мартин Скорцесе и Акира Куросава.
„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари
„Зимското јајце“ кое се смета за една од најубавите креации на Фаберже беше купено од анонимен купувач, соопшти аукциската куќа Кристи, пренесува Би Би Си. Јајцето е украсено со 4.500 дијаманти, а го нарача царот Николај Втори 1913 како божиќен поклон за својата мајка царицата Марија Фјодоровна.
50 години од легендарната песна „Боемска рапсодија“ на Квин
Пред точно половина век, есента во 1975 британската рок група „Queen“ го објави својот четврти студиски албум A night at the Opera, a шестминутната необична композиција „Bohemian rhapsody“ беше избрана за водечки сингл на албумот.


