Советот на јавни обвинители објави оглас за избор на вкупно 47 јавно обвинителски места низ повеќе Основни јавни обвинителства на територија на целата држава. На огласите се очекува да се пријават кандидатите од осмата генерација на Академијата на судии и јавни обвинители, на кои вчера им беа доделени уверенија за успешно помината почетна обука.

Претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска, појасни дека се објавува оглас за избор на 14 јавни обвинители во ОЈО Скопје, четири во ОЈО Тетово, по три во ОЈО Куманово, Охрид, Прилеп и Штип, по две во ОЈО Гевгелија, Битола, Гостивар, Кичево и Струмица и по едно во ОЈО во Крива Паланка, Велес, Ресен, Струга, Радовиш, Делчево и во Кочани.

„Алармантна е состојбата, моментално недостигаат околу 100 јавни обвинители, така што оваа бројка од 47, секако ако се јават, би ја ублажила состојбата во одредена мера“, изјави Димитриеска.

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, претходно во изјава за медиуми, посочи дека најмалку во наредните три години нема да биде избран ниту еден нов јавен обвинител, со оглед дека деветтата генерација ќе треба да помине обука од 20 месеци.

Советот на денешната седница објави оглас за избор и на двајца јавни обвинители во ОЈО ГОКК.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ вчера ги додели уверенијата на кандидатите за судии и јавни обвинители од осмата генерација во почетната обука на Академијата. Како што информираше директорката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски, уверенија добија вкупно 97 кандидати, од кои 50 се судии, а 47 јавни обвинители.

globe

Слични новости

Судење Палевски:  Манев сведочеше дека планот бил во дупката да се чуваат грабнатите додека не се исплатат пари

Судење Палевски:  Манев сведочеше дека планот бил во дупката да се чуваат грабнатите додека не се исплатат пари

Второобвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Велибор Манев во средата пред судот изјави дека Љупчо Палевски Палчо бил организатор на грабнувањето на Жежовски и дека го убил пукајќи му во слепоочница