Информациите за висината на Тејлор Свифт, вредноста на биткоинот и за социјалните мрежи на инфлуенсерот MrBeast биле меѓу најчесто поставуваните прашања за Alexa виртуелната асистентка на Amazon во Обединетото Кралство во 2024 година.
Технолошкиот гигант објави дека на врвот на листата на прашања за висината и возраста на познатите личности е онаа на американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт, чијашто рекордна турнеја „Eras“ штотуку заврши. Таа имаше и три албума во првите пет најслушани и, според Alexa и Amazon Music, беше прогласена за најизведувана уметница на годината.
Тејлор е втора, зад Илон Маск кога станува збор за прашањата за нето вредноста, а MrBeast (вистинско име Џејмс Доналдсон) е трет. Со повеќе од 500 милиони следбеници на социјалните мрежи, MrBeast е најследен инфлуенсер во светот.
Според годишните бројки кои го покриваат периодот од септември 2023 до ноември 2024 година, прашањата oд доменот на општите знаења остануваат популарни меѓу корисниците на Alexa. Меѓу најчесто поставуваните прашања се оние за вредноста на биткоинот и за бројот на жители на Земјата.
Податоците на Amazon, исто така, покажуваат дека пребарувањето фудбалски информации со помош на Alexa е меѓу најпопуларните начини на користење на неговиот асистент за вештачка интелигенција, софтверска програма која се потпира на технологии како обработка на природен јазик (NLP) за следење гласовни и текстуални команди.
„Кога игра Англија?“ – било меѓу најпопуларните спортски прашања на годината, со оглед на тоа што машката репрезентација на Англија стигна до финалето на ЕВРО 2024 ова лето. Меѓу главните прашања поставени до Alexa биле информациите за ажурираните резултати од натпреварите во кои учествувале Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Манчестер Сити.
Amazon, исто така, објави дека користењето на Alexa како кулинарски асистент е уште еден голем тренд во 2024 година, при што рецептите за палачинки, јоркширски пудинг и леб од банана се забележани како најпребаруваните барања. Во топ 10 се најдоа и рецепти за торти или колачиња на стапче, пиперки полнети со халуми и сладолед од манго.
Слични новости
Повторно одложено враќањето на двајца астронаути на NASA на Земјата
Повторно е одложено враќањето на Земјата на двајца астронаути на американската вселенска агенција NASA, кои моментално се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица (ISS), соопшти агенцијата
Американската морнарица му оддаде признание на Том Круз за улогата во „Топ Ган“
Американската морнарица му додели специјална цивилна награда на холивудскиот актер Том Круз за „зголемување на регрутирањето на пилоти“ со неговата улога како поручник Пит „Маверик“ Мичел во „Топ Ган“
Откриен најстариот доказ за христијанството северно од Алпите
Записот се наоѓа на сребрена фолија и се состои од 18 редови испишани на латински јазик, а адтира од периодот меѓу 230 и 260 година од новата ера.
Фолијата била замотана во мала сребрена амајлија. Како што наведуваат германските археолози, артефактот беше пронајден во една гробница од третиот век во градот Хесе, каде што некогаш се наоѓал античкиот римски град Нида.