Денешниот ден, како што беше најавено, мина во знакот на променливо и врнежливо време на повеќе места во нашата Македонија
Најмногу дожд до 16 часот попладнево наврна на Попова Шапка и тоа 47 литри дожд на метар квадратен.
Од градовите пак најмногу дожд наврна во Тетово и тоа 28 литри на метар квадратен до 16 часот попладнево. Токму ова количество на врнежи е измерено на мерните станици на УХМР.
Ноќва и утре (понеделник 27 октомври) во претпладневните часови продолжуваат обилните врнежи и тие најобилни ќе бидат во западните предели каде локално ќе наврнат нови над 30 литри дожд на метар квадратен. Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на силно невреме со силен ветер (до околу 90 км/час) и со појава на грмежи.
Слични новости
На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека
На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија
Роднините на загинатите во „Пулс“: Дали судницата е за рецитирање или за вистината?
Родителите и блиските на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека„Пулс“ денеска повторно излегоа на протестен марш во Кочани
Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
Не добив само реизбор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ туку денеска победи идејата. Победи патот што го трасираме за Македонија. Честа е голема и обврската и долгот кон доделената задача уште поголема, истакна Христијан Мицкоски откако попладнево на партискиот конгрес што се одржува во Кавадарци беше реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ


