Цените на нафтата останаа под 61 долар на меѓународните пазари во понеделникот, а аналитичарите предвидуваат дека Кина очекува значително повеќе барели од Венецуела до крајот на годината, со тешкотии во транспортот, но и изобилство на понудата од санкционираните Русија и Иран.
На лондонскиот пазар, со барелот попладнево се тргуваше за 60 центи пониска цена отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата седмица, на 60,52 долари. На американскиот пазар, барелот беше за 64 центи поевтин и чинеше 56,80 долари.
Одделните пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) покажуваат дека барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки во петокот изнесуваше 61,34 долари, приближно исто како и претходниот треговски ден.
Инвеститорите беа вознемирени минатата седмица од зголемените тензии во Карипскиот регион. САД запленија супертанкер покрај брегот на Венецуела пред околу десет дена под соменение дека превезувал санцкионирана иранска нафта во минатото, а на крајот од минатата седмица воведоа и нови санкции за превозните компании и танкерите што транспортираат венецуелска нафта.
Кина е најголемиот купувач на венецуелски барели, но нивниот удел во увозот на нафта во Кина е само 4 отсто, а тие најчесто ги купуваат помалите независни рафинерии. Венецуела ќе испорача повеќе нафта во Кина во декември и јануари, велат трговците и аналитичарите, укажувајќи на пораст на нарачките во последните четири месеци. Производителите нудат венецуелски барели по уште пониски цени поради санкциите и тешкиот транспорт, кој понекогаш трае и до 60 дена за да стигне до кинеските рафинерии, велат аналитичарите.
„Испораките на нафта од Венецуела во Кина остро се зголемија неодамна, во очекување на санкции“, објаснува Мукеш Сахдев од консултантската компанија „XAnalysts“, проценувајќи дека запленувањето на танкерите од страна на САД ќе се почувствува дури во февруари.
Танкерите ќе испорачаат повеќе од 600.000 барели нафта од венецуелската марка Merey во Кина во последниот месец од оваа година, пресметаа аналитичарите во компанијата за следење на танкерите за нафта „Vortex“. Сепак, специјализираната компанија „Kpler“ пресмета дека 664.000 барели Merey дневно ќе пристигнат во Кина во декември, најмногу откако ги следат податоците.
Зголемената понуда од Венецуела е поврзана со изобилството на понудата од санкционираните Русија и Иран, потсетуваат аналитичарите. Во такви услови, дури 72 милиони барели „санкционирана“ нафта беа складирани на танкери вкотвени покрај брегот на Азија минатата седмица, според пресметките на „Kpler“. Уште кон крајот на октомври, тие складираа 53 милиони барели, а на почетокот од септември околу 33 милиони барели, според податоците на консултантската компанија.
Трендот на намалување на цените беше запрен од предупредувањата на аналитичарите дека „екстра тешкиот“ венецуелската марка Merey, со висока содржина на сулфур, е значително поевтин од канадската мешавина Access Western и колумбиската Castillа, па нивната загуба би значела повисоки трошоци за независните кинески рафинерии.
Слични новости
Норвешкиот извоз значително падна во ноември
Норвешкиот извоз зебележа значитечно намалување во ноември, со остар пад на вредноста на испораките на нафта и гас, покажаа податоците кои во понеделникот ги објави тамошното биро за статистика
Русија бара 230 милијарди долари отштета од „Euroclear“
Руската централна банка поднесе тужба во Москва барајќи 230 милијарди долари отштета од белгиската клириншка куќа „Euroclear“, првиот чекор откако Кремљ предупреди дека тоа ќе биде правен кошмар за Европската унија поради плановите за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина
Швајцарската влада благо ја зголеми проценката за економскиот раст
Швајцарската влада во понеделникот благо ја зголеми проценката за економскиот раст во 2026 година, тврдејќи дека договорот со САД за пониски царини треба да го олесни влијанието на трговските бариери врз извозот


