Најновата анкета што ја спроведе YouGov во данска, Германија, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија покажа дека Европјаните се свртеа против Американците, поради обидот на Трамп да го присвои Гренланд.
Анкетата покажа дека се поголем број на Европјани веќе не ги гледаат Американците како пријателска нација ,а се помал број испитаници сеуште ги смета САД за сојузник.Во Данска во јули 2023 80 проценти од Данците гледаа во САД пријател или сојузник, а сега таа бројка изнесува само 26 проценти.
И покрај предупредувањата на европските лидери дека „светот трајно е сменет“, анкетата сугерира дека мнозинството Европејци сметаат дека надворешната политика на САД ќе се вртаи во нормала кога Трамп ќе замине од претседателската функција.
Слични новости
Моџтаба Хамнеи, син на убиениот Али Хамнеи е избран за нов ајатолах на Иран
Иранскиот лидерски совет го избра Моџтаба Хамнеи, син на убиениот ајатолах Али Хамнеи, за нов ајатолах и врховен лидер на Иран, на инсистирање на Иранската револуционерна гарда
По нападите со дронови врз Кипар, Франција и Грција испраќаат заштита
Кипар ја зајакнува својата одбрана откако Франција најави испраќање фрегата, противракетни и анти-дрон системи, додека Грција веќе распореди четири...
Трамп: САД имаат речиси неограничени залихи на муниција
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека залихите на муниција на САД се на високо ниво и дека „никогаш не биле повисоки и подобри“, односно дека се практично неограничени.


