Засилено полициско присуство и претреси на повеќе локации утрово во Куманово се дел од голема акција на МВР за разбивање организирана криминална група. 

Групата е осомничена дека подолг период дејствувала во Куманово и пошироко, занимавајќи се со изнуда, лихварство, перење пари, закани и уцени.

Според неофицијалните информации, за организатор на групата се сомничи лице со прекар Штука, а меѓу осомничените има и други лица познати на кумановската криминална сцена. Во рамки на акцијата, покрај објекти поврзани со осомничените, се проверуваат и нотарска канцеларија и менувачница поради можни поврзаности со истражуваните активности.

При досегашните претреси, според медиумските информации, биле пронајдени пари, возила и документација.

Слични новости

Активни три пожари на отворен простор, а 25 изгаснати во изминатото деноноќие

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи