Специјалната безбедносна единица „Кобри“, задолжена за безбедноста на српските претседатели, во случајов актуелниот Александар Вучиќ, го подигнале степенот на заштита на највисоко можно откако експлодирала гумата на службеното возило, известуваат во неделата српските медиуми.

„Кобрите“ одлучиле да го подигнат нивото на обезбедувањето на претседателот на највисоко можно ниво по вчерашниот инцидент кога во движење се откачи тркалото од специјалниот автомобил во кој се наоѓаше Вучиќ.

Разгледувајќи ги сите околности и крајно опасната ситуација на која беше изложен шефот на државата, одговорните за неговото обезбедување решија максимално да ги заострат мерките за заштита.

Ианку, Вучиќ вчера патувал за Мокрин, кога на автомобилот во кој се наоѓал му се откачи тркало. Со оглед на тоа дека на Вучиќ му се заканувале, во тек е опсежна истрага на безбедносните служби.

globe

Слични новости

Додик осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење дејност

Додик осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење дејност

На претседателот на Република Српска му се судеше од февруари 2024 година затоа што не постапил по одлуката на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит, одговорен за почитување на мировниот договор