Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Обвинителството ќе поднесе жалба, Савески рече дека како и во секој друг предмет, најнапред ќе биде разгледано целокупното образложение на судската одлука.

– Не можам да ви одговорам сега, бидејќи како и во секој предмет, така и во овој, ќе се чека писмената верзија на пресудата. Целото образложение ќе се анализира и тогаш ќе се донесе одлука дали судот го убедил обвинителството со својата одлука и образложение или не истакна државниот јевен обвинител.

 

Слични новости

Ноќеска запален автомобил на судијата Ѓоко Ристов

Ноќеска запален автомобил на судијата Ѓоко Ристов

Ноќеска целосно изгоре патнички автомобил „пасат“ со скопски регистарски ознаки во скопската населба Тафталиџе, при што пожарот оштети уште две возила и деловен објект.Aвтомобилот бил во сопственост на судијата Ѓоко Ристов, соопшти МВР.