Јавното обвинителство поднесе кривични пријави против три лица, директорката на АСД метал груп, неформалниот сопственик на компанијата и уште едно лице. Обвинителството ги товари за Загрозување на животната средина и природа со отпад, дело за кое може да добијат до 10 години затвор.

Пожарот во Визбегово избувна утрината на 9 јули, по што почна да се шири густ црн чад. Репортерите од терен тогаш јавуваа дека во отпадот за хаварисани автомобили, гореа гуми, пластика, кабли и стари автомобили, а се слушале и експлозии, најверојатно од плинските резервоари.

Дозволата за управување со отпад на фирмата истекла пет месеци пред пожарот.

 

Слични новости

Големи гужви на граничните премини кон Грција

Големи гужви на граничните премини кон Грција

Најголеми гужви се забележуваат на ГП Богородица, каде колоните возила се протегаат со километри, а чекањето трае со часови. Според информации од терен, меѓуграничниот простор е целосно исполнет, додека бројот на возила постојано расте.