Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против Сабахудин Рустеми, директор на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и Аки Саити, раководител во истото претпријатие, кои се наоѓаат во полициската станица Гази Баба. Истовремено, обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор за двајцата осомничени.
Тие беа уапсени вчера, по неколкудневното несобирање на отпадот во Скопје.
Обвинителството ги товари двајцата дека заедно постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на својата основна дејност за редовно собирање и транспортирање безопасен отпад на подрачјето на Град Скопје, како и на обврските предвидени во Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад и на Оперативниот план за одржување на јавната чистота во Градот.
„Со пропуштање на целосниот надзор над собирањето и транспортирањето на комунален отпад, како и со непрописно управување со отпадот тие овозможиле во текот на месецов да се создадат мали депонии на јавни и сообраќајни површини, во близина на предвидените садови за собирање комунален отпад, со што предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и водата и го довеле во опасност животот и здравјето на луѓето од предизвикување заразни или други болести“, соопшти ОЈО Скопје.
Се нагласува дека „гревот“ на двајцата е утврден со вонредните инспекциски надзори од овластените локални инспектори за животна средина „кои излегоа на терен по насоки на јавното обвинителство, како и со експертско мислење за влијанието на отпадот врз јавното здравје и можноста за ширење заразни заболувања од ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ“.
Слични новости
Пронајдено тело на жена која претходно била пријавена за исчезната во близина на Гостивар
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде што беше пронајдено тело на засега неидентификувано лице закопано во дупка.
Најстудено утрово во Берово
Најстудено утрово е во Берово, четири степени под нулата
МВР: „Безбеден град“ ќе почне да функционира од 1 февруари во Скопје, Тетово Куманово и по коридорите 8 и 10
Одложувањето доаѓа поради потребата од дополнително тестирање и калибрација.Досегашното тестирање покажа дека дел од камерите не регистрираат прекршувања, особено на автопатите


