Уште пред една недела скопското обвинителство отворило предмет против поранешен премиер и екс министер за здравство по тврдењата на кардиохирургот Жан Митрев дека сакале да добијат сопственички удел во неговата, една од најголемите приватни болници во Македонија.
Предистрагата е за Зоран Заев и за Венко Филипче, актуелниот лидер на опозицијата. Отворена е на последниот ден од мандатот на екс скопскиот обвинител Гаврил Бубевски, ден отако беше избран Анел Фидоски на таа функција која ја презеде со веќе отворен предмет за болницата.
Основното јавно обвинителство Скопје постапува и веќе презема дејствија на проверки во предметот оформен по допрен глас на 21.01.2026 година од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по однос на јавно изнесените наводи од лицето Жан Митрев, доктор и сопственик на Клиника „Жан Митрев“ – Скопје, а кои се однесуваат на тоа дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство се обиделе да го принудат да им ги продаде неговите сопственички удели во клиниката, соопштија од обвинителството.
Венко Филипче изјави за Телма дека првпат слуша за предметот и дека обвинителството треба да си постапи.
Тој најави тужби против Жан Митрев и нарачателот на обвинувањата односно владечката партија ВМРО ДПМНЕ, која според него се обидува да го оцрнува.
Слични новости
Европските лидери повикаа на отворање на Ормутскиот Теснец и прекин на нападите врз енергетската инфраструктура
Лидерите на ЕУ повикаа на повторно отворање на Ормутскиот Теснец и мораториум на нападите врз водоводната и енергетската инфраструктура на Блискиот Исток.
Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ
Според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 во Македонија е 76,63 години
Обвинение против екс правобранителот Фехми Стафа
Јвен обвинител поднесе обвинителен акт против Стафа за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание,.


