Во Кривичен суд продолжи изведувањето на материјани докази од страна на обвинителството на судењето на Стојанче Јовановски, обвинет дека ја навел на самоубиство неговата сопруга Ивана, како и за кривичните дела нанeсување телесни повреди и загрозување на сигурноста.

Како доказ обвинителката Адела Бојчиќ презентираше видео снимка од катната каража позади судот во кое Стојанче и удира шамар на Ивана и тие  се расправаат, по што таа се јавува некаде.  По извесно време, на видеото се гледа  како доаѓаат двајца полицајци кои ги повикала Ивана. Тие настрана разговараат со неа и со Стојанче и по неколку минути си заминуваат.

Оваа снимка е направена само неколку часа а пред Ивана да си го одзеде живото заедно со 6-годишната Катја.

 

Слични новости

Од недела сончево и потопло време

Од недела сончево и потопло време

На почетокот на новата работна недела ќе продолжи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури ќе бидат од -1 до 7 степени, додека дневните ќе се движат од 16 до 24 степени.