Основното јавно обвинителство Скопје нареди обдукција на телата на мајката и малолетната ќерка кои починаа по пад од висококатница во скопската населба Карпош.

Дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на настанот и наложил прибирање траги и докази за расчистување на случајот.

Од Обвинителството информираат дека се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за трагедијата.

Повеќе детали за преземените дејствија најавуваат за денеска. Во  меѓувреме, на социјалните мрежи се огласи братот на починатата, велејќи дека станува збор за долгогодишно семејно насилство и дека во случајот потфрлиле институциите.

 

Слични новости

Мицкоски денеска ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Мицкоски денеска ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, денеска е во посета на Унгарија. Посетата се случува во време кога изборната кампања во Унгарија е во полн ек, а пред парламентарните избори закажани за 12 април.