Специјалното обвинителство во Хаг денеска во завршниот збор му предложи на судот четворицата поранешни лидери на ОВК да ги осуди на казна затвор од по 45 години, по обвиненијата за воени злосторства и злосторства против човечноста.

Главната обвинителка Ким Вест му предложи на судот да ги осуди Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи по сите 10 точки од обвинението, поради нивниот личен придонес во кривичните дела.

Наредните денови завршен збор ќе има и одбраната на обвинетите, по што судскиот совет ќе ги донесе пресудите.

Лидерите на ОВК се обвинети дека во периодот од 1998-1999 извршија многубројни злосторства врз Србите и другите неалбанци, како и врз Албанци кои не прифатиле да бидат нејзини припадници или помагачи.

Слични новости

Трамп и упати писмо на Кина да не испраќа оружје на Иран, Пекинг демантираше

Трамп и упати писмо на Кина да не испраќа оружје на Иран, Пекинг демантираше

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека писмено побарал од кинескиот претседател Си Џинпинг да не дава оружје на Иран. Кинескиот претседател му одговорил дека Кина не го снабдува Иран со оружје.