Специјалното обвинителство во Хаг денеска во завршниот збор му предложи на судот четворицата поранешни лидери на ОВК да ги осуди на казна затвор од по 45 години, по обвиненијата за воени злосторства и злосторства против човечноста.
Главната обвинителка Ким Вест му предложи на судот да ги осуди Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи по сите 10 точки од обвинението, поради нивниот личен придонес во кривичните дела.
Наредните денови завршен збор ќе има и одбраната на обвинетите, по што судскиот совет ќе ги донесе пресудите.
Лидерите на ОВК се обвинети дека во периодот од 1998-1999 извршија многубројни злосторства врз Србите и другите неалбанци, како и врз Албанци кои не прифатиле да бидат нејзини припадници или помагачи.
Слични новости
Kувајтски танкер со нафта погоден во Дубаи
Кувајтската нафтена корпорација соопшти дека танкерот за нафта „ал-Салми“ бил погоден од „непознат проектил“ покрај брегот на Дубаи во Обединетите Арапски Емирати. Фирмата вели дека пожарот на бродот е локализиран, целиот екипаж е безбеден и не е идентификувано никакво влијание врз животната средина.
Европските индекси варираат, нафтата Брент 107 долари
Европските индекси на берзите денеска варираат, а нафтата Брент се продава за 107 долари по барел по извештајот дека американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да ја оконча воената кампања против Иран
Техеран тврди дека американските носачи на авиони се повлекоа на 1.000 километри од иранскиот брег
Американските носачи на авиони веќе не се присутни во Персискиот залив, бидејќи се повлекоа на 1.000 километри од брегот на Иран, изјави заменик-командантот на Исламската револуционерна гарда генерал Али Фадави.


