Со години се кршеле закони, се прикривале неправилности за дискотеката „Пулс“ да може да работи без да ги исполнува минималните услови за безбедност, кажа републичкиот обвинител Љупчо Коцевски. Обинителството го поднесе обвинението против 34 физички и три правни лица за трагедијата во Кочани во која загинаа 62 лица.
Првообвинети се сопственикот на дискотеката заедно со својот син, кој во 12-те години работа на „Пулс“ правел реконструкции без надзор, вградувал несоодветни материјали кои биле лесно запаливи. Не биле исполнети минималните технички услови за работа, а ниту биле запазени безбедносни протоколи при опасност.

Меѓу 34-цата обвинети, кои според обвинителството не направиле ништо да ја превенираат катастрофата се и членови на нивните семејства, ексградоначалници, директори, инспектори и државни функционери како министри и секретари.
Сите се гонат за исто кривично дело, тешки дела против општата сигурност, но по различни ставки.
За 11 лица е запрена постапката, поради недостаток на докази и тие сега нема да се гонат со обвинение.
Во однос на 13те полициски службеници кои вчера беа приведени, Коцевски кажа дека како соизвршители не постапиле според прописите на мерките за заштита на присутните во дискотеката „Пулс“, не спречиле палење на пиротехниката и уште низа безбедносни пропусти.
Тие добија мерки на претпазливост, да не смеат да го напуштат градот во кој живеат, а одземени им се и патните исправи.
Слични новости
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија
Двајца македонски државјани, кои со мотоцикл се движеле по автопатот „Патот на Арбр“ во Албанија, се здобиле со тешки телесни повреди откако со мотоциклот удриле во заштитен ѕид на коловозот.
Родителите на настраданите во Кочани побараа од обвинителството да им го објасни обвинителниот акт
Родителите на починатите во „Пулс“ истакнаа дека ја продолжуваат борбата за правда и дека имаат право да знаат кои лица се обвинети, а кои не се и кои се причините за тоа.
Почнува уписот во средните училишта, од денеска прво електронско пријавување
Од денеска до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во државава за учебната 2025/2026 година.