Основното јавно обвинителство во Кочани поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог за шест други лица за сомневања за поткуп, злоупотреба на службената положба, оддавање службена тајна и фалсификување службени исправи.

Случајот се однесува на даночните контроли на Управата за јавни приходи во дискотеката „Пулс“ во Кочани и во други поврзани фирми.

Според обвинението двајца даночни контролори побарале и примиле очила и рачен часовник од лице одговорно во засегнатите фирми, а за возврат тие му давале информации за ненајавени контроли. Еден од нив преку вибер го информирал за активностите на УЈП и МВР.

 

 

Слични новости

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ побара итна оставка од Тошковски, наведувајќи дека тој треба да понесе одговорност поради низата скандали. Од партијата бараат да се утврди кој сè е вмешан во случајот и сите одговорни да сносат последици.