Судот на почетокот на денешното рочиште за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ го спои предметот за сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев.
Со ова, тој и официјално стана 35-от обвинет за оваа трагедија. За него, обвинителниот акт беше подоцна одобрен, на почетокот на септември во 2025 година.
Нацев е обвинет за предизвикување општа опасност, бидејќи обвинителството тврди дека тој стоел и ги правел плановите за обезбедување на „Пулс“ заедно со вистинските сопственици, и покрај тоа што немале никаков договор со „Рубикон“. Тој сега се брани од притвор, кој му го одреди судот.
Инаку на обвинителна клупа се неколкумина од обезбедувањето кои, според обвинителството, на критичниот ден, со важечки лиценци за приватно обезбедување и со легитимации на обвинетото правно лице, како и еден обвинет без лиценца за вршење на работи на физичко обезбедување, биле задолжени да го обезбедат објектот во Кочани.
Но, тие немале безбедносна проценка по однос на сигурносните услови на објектот, за можностите за евакуација во случај на опасност и не направиле проверка на влезови и излези и нивна исправност, во услови на преполнетост на капацитетот на локацијата.
Слични новости
АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило
Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило
До 40 минути се чека на Табановце и на Дојран
. На „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на излез од државата на „Табановце“ возачите чекаат до 40 минути
Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025
Во Собранието денеска во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година


