Ноќеска целосно изгоре патнички автомобил „пасат“ со скопски регистарски ознаки во скопската населба Тафталиџе, при што пожарот оштети уште две возила и деловен објект.

Aвтомобилот бил во сопственост на судијата Ѓоко Ристов, соопшти МВР.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен ноќеска околу 02:50 часот во СВР Скопје.

Пожарот бил локализиран и изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

 

Слични новости

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во притвор во Шутка

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во притвор во Шутка

По 30 дена притвор добија тројца раководители на „Комуналец“ од Гостивар, осомничени за загадување на водата за пиење. Вршителката на должност директорка Артана Асани, техничкиот раководител на сектор за технички работи, Леон Нуредини и раководителот на одделението за водовод Вадедин Дервиши