Британските медиуми пишуваат дека сопственикот на Нотингем Форест Гркот Евангелос Маринакис испратил понуда од 82 милиони евра до лондонскиот клуб Брентфорд за нивниот центарфор Игор Тијаго.
Бразилскиот центарфор има договор со Брентфорд до 2031, но високата понуда може да доведе до негов трансфер во Нотингем Форест пред крајот на преодниот рок.
Игор Тијаго во минатата сезона беше втор стрелец на Премиер лигата со 22 гола. Брентфорд го доведе Тијаго од Бриж во 2024, а пред тоа Бразилецот играше за бугарскиот клуб Лудогорец.
Слични новости
Ново шоу на Ламин Јамал Шпанија ја победи Хрватска со 4:1, Англичаните рутински ја победија Чешка 2:0
Репрезентацијата на Шпанија која е Светски првак ја оправда улогата на фаворит на мечот со Хрватска и победи со 4:1. Свое шоу имаше Ламин Јамал кој постигна два гола за Шпанија и беше асистент на еден гол.
Македонија го забележа вториот последователен пораз во Лигата на нациите бе да постигне гол
Фудбалската репрезентација на Македонија во вториот меч во групата во Б дивизијата на Лигата на нациите, загуби со 2:0 на гости кај Словенија. Нашата селекција е последна во групата без освоен бод.
Никола Јокиќ следната година може да стане најплатен кошаркар во историјата на кошарката
Ако не го продолжи договорот оваа сезона, Јокиќ идното лето како слободен играч би можел да добие договор од 360 милиони долари за пет сезони.
Иако ќе биде слободен играч Денвер Нагетс и натаму ќе бидат први на неговата листа за новиот договор и шансите Јокиќ да остане во тој клуб се најголеми.


