Британските медиуми пишуваат дека сопственикот на Нотингем Форест Гркот Евангелос Маринакис испратил понуда од 82 милиони евра до лондонскиот клуб Брентфорд за нивниот центарфор Игор Тијаго.

Бразилскиот центарфор има договор со Брентфорд до 2031, но високата понуда може да доведе до негов трансфер во Нотингем Форест пред крајот на преодниот рок.

Игор Тијаго во минатата сезона беше втор стрелец на Премиер лигата со 22 гола. Брентфорд го доведе Тијаго од Бриж во 2024, а пред тоа Бразилецот играше за бугарскиот клуб Лудогорец.

Слични новости

Англија-Чешка 3:0, Кејн го израмни рекордот на Шилтон

Англија-Чешка 3:0, Кејн го израмни рекордот на Шилтон

Репрезентацијата на Англија ја оствари третата последователна победа во А дивизијата од Лигата на нациите во групата 3, откако на Вембли ја победи Чешка со 3:0. Центарфорот Хари Кејн постигна два гола на својот 125 -ти настап за селекцијата на Англија со што го израмни рекордот на Питер Шилтон.