Британецот Ландо Норис во болидот на Мекларен ја освои Големата награда на Бразил во Формула 1, 21-та од 24-те трки оваа сезона, зголемувајќи го своето водство во шампионатот и приближувајќи се кон својата прва светска титула на три трки до крајот на првенството.
Британецот, кој стартуваше од пол-позицијата, заврши пред Италијанецот Андреа Кими Антонели од тимот на Мерцедес и Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул, кој направи неверојатен камбек откако стартуваше дури од 19-то место поради промена на моторот. Тоа беше уште еден неверојатен настап од четирикратниот светски шампион кој минатата година успеа да победи од 17-то место на стартната линија во Интерлагос.
Норис ја зголеми својата предност во генералниот пласман на 24 поени откако неговиот клупски колега и главен ривал за титулата, Австралијанецот Оскар Пјастри, беше казнет за предизвикување судир и заврши петти.
Второто место на Антонели е највисоко личен пласман во кариерата, додека Џорџ Расел беше четврти за Мерцедес, кој го зацврсти второто место во генералниот пласман во шампионатот на конструктори, кое Мекларен веќе го има освоено.
Норис е водечки во генералниот пласман со 390 бода, Пјастри е втор, со 24 бода помалку, додека Верстапен е трет со 341 бод. Следната трка ќе се вози за Големата награда на Лас Вегас по две седмици.
Слични новости
Верстапен не успеа да му ја земе титулата на Норис во Формула 1
Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен е новиот светски шампион во Формула 1 откако заврши трет на последната, 24-та трка од сезоната, Големата награда на Абу Даб
Харден десетти најдобар стрелец во НБА
Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа
ПСЖ ја прекина победничката серија на Рен
Европскиот и француски првак Пари Сен Жермен во саботата вечер на домашен терен лесно го победи Рен со 5:0 во рамките на 15-то коло од француската Лига 1


