Британецот Ландо Норис во болидот на Мекларен победи на трката за Големата награда на Мексико, преземајќи го водството во генералниот пласман по 20-та од 24 трки од светското првенство во Формула 1.

„Ова беше прекрасен викенд. Мора да продолжиме така. Имав добар старт и добар прв круг и така продолжив. Ова е одлично, голема благодарност до сите фанови“, рече Норис по неговата десетта победа во кариерата, шеста во сезоната

Втор, со заостанува од 30 секунди, беше Шарл Леклер од Монако во возилото на Ферари, додека трет беше актуелниот светски шампион Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, кој заостана 31 секунда зад победникот.

„Многу сум среќен со овој викенд. Повторно да завршам на подиумот е голема работа“, рече Леклер.

Верстапен коментираше: „Беше многу хаотичен почеток на трката за мене. Удрив во рабникот од надворешната страна и речиси влегов во тревата. Стануваше збор за преживување. Беше тежок викенд за нас“.

Досегашниот лидер Австралијанецот Оскар Пјастри од Мекларен беше петти откако заврши зад импресивниот во оваа трка возач на Хаас, Оливер Берман, британскиот почетник кој го постигна најдобриот резултат во својата кариера.

Остануваат уште четири трки во сезоната – во Сао Паоло, Лас Вегас, Доха и Абу Даби, како и два спринта. Норис моментално води со 357 поени. Пјастри има бод помалку, додека Верстапен е трет со 321 поен.

„Одиме викенд по викенд. Среќен сум, фокусиран сум на себе. Ја држам главата долу, сосредоточен сум на себеси“, рече Норис.

Следната трка, Големата награда на Сао Паоло, е закажана за 9 ноември.

globe

Слични новости

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0