Норвешкиот извоз зебележа значитечно намалување во ноември, со остар пад на вредноста на испораките на нафта и гас, покажаа податоците кои во понеделникот ги објави тамошното биро за статистика.
Извозот се намали за 9,5 отсто во ноември во споредба со октомври, кога скокна за 17,2 отсто, пресметаа статистичарите.
Увозот, од друга страна, остана повеќе или помалку на нивото од претходниот месец, при што вредноста на испораките се зголеми за незначителни 0,1 отсто. Во октомври, тие се зголеми за 1,4 отсто на месечна основа.
Остриот пад на извозот првенствено ја одразува значително помалата вредност на испораките на нафта во ноември, за 9,2 отсто во споредба со октомври, кога се зголемија за 8,3 отсто.
Вредноста на испораките на гас, исто така, повторно падна во ноември, за 3,4 отсто, но многу помалку отколку во октомври, кога падна за дури 28,2 отсто во споредба со претходниот месец.
Вредноста на норвешкиот извоз се намалил во ноември, дури и кога ќе се исклучат енергенсите и опремата од енергетскиот сектор, за дури 14,0 отсто, при што испораките на морска храна се намалени за 10,2 отсто во однос на октомври.
Норвешка забележа суфицит во трговијата со светот во ноември од 41,3 милијарди норвешки круни (4,1 милијарди долари), што е за 26,3 отсто пониско отколку во октомври. Статистичарите пресметаа дека тоа е речиси 40 отсто пониско отколку во ноември минатата година.
Годишната споредба покажува пад на извозот од 14,8 отсто во ноември. Увозот, од друга страна, се зголеми за 3,3 отсто.
Вредноста на испораките на гас се намалила за големи 33,1 отсто на годишно ниво, а вредноста на испораките на нафта, исто така, значително паднала – за 9,9 отсто, според податоците на норвешкиот Завод за статистика.
Со исклучок на енергенсите, извозот во ноември остана на минатогодишното ниво, и покрај падот од 5,2 отсто во испораките на морска храна во споредба со истиот месец минатата година.
Слични новости
Волстрит порасна откако Fed ги намали каматните стапки
Цените на акциите пораснаа на Волстрит во средата откако американската централна банка, како што се очекуваше, ги намали каматните стапки третпат оваа година и ја зголеми својата проценка за економскиот раст следната година
ДР Конго ги заострува регулативите за извоз на кобалт
Демократска Република Конго ги заострува регулативите за извоз на кобалт, сигнализирајќи дека има намера да игра повлијателна улога во глобалните синџири на снабдување за производство на батерии за електрични возила и системи за складирање на енергија
Нафтата поевтини на 61 долар
Цените на нафтата паднаа на 61 долар на меѓународните пазари во средата, бидејќи новите проценки за производството во САД ги разгореа стравувањата од презаситеност на понудата следната година


