Српскиот центар Никола Јокиќ го постигна својот 184-ти трипл дабл во кариерата во победата на Денвер против Мемфис од 122:116. Јокиќ постигна 26 коша, 15 скокови и 11 асистенции и сезонава на 39 одиграни натпревари има 20 трипл-даблови.

Солиден настап за Денвер против Мемфис каде што сеуште не игра Џа МОрант имаше и Џамал Мари со 22 поени.

Јокиќ и Мари ќе играат се селекцијата на светот на годинашниот Ол стар натпревар кој после долги години ќе има натперварувачки карактер и учествуваат селекцијата на светот и две американски селекции.

Слични новости

Голманот на Баерн Минхен Мануел Ноер поради повреда ќе го пропушти натпреварот со Аталанта

Голманот на Баерн Минхен Мануел Ноер поради повреда ќе го пропушти натпреварот со Аталанта

Ноер го напушти теренот на полувремето во победата на Баерн Минхен врз Борусија Менхенгладбах, а според последните информации клубот не сака да ризикува посериозна повреда на Ноер.