Денвер Нагетс го победија Портланд на домашен терен со 128:112 и го задржаа петтото место во Западната конференција на НБА лигата.

Никола Јокиќ постигна нов трипл дабл со 22 коша, 14 скокови и 14 аистенции.

Кај Денвер 22 коша постигна и Џамал Мари, Кам Џонсон постигна 19, а Кристијан Браун 15 кошеви. Во редовите на Денвер по долга повреда се врати и Пејтон Вотсон, кој постигна 15 коша. 

Во екипата на Портланд најефикасен беше Дени Авдија со 23 коша и 14 асистенции, а Донован Клинган забележа 18 поени со 13 скокови.

Слични новости

Баерн Минхен обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите

Баерн Минхен обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Баерн Минхен станаа втор клуб по Арсенал кој обезбеди директен пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите едно коло пред крајот на квалификациската фаза, откако синоќа го победија Унион Сен Жил со 2:0.

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен

Ветеранот Новак Ѓоковиќ денеска го победи италијанскиот тенисер Франческо Маестрали со 3:0 во сетови во второто коло на Австралија опенот во Мелбурн. Ова беше 101 -ва победа на Ѓоковиќ на гренд слемот во Австралија.