Денвер Нагетс го победија Портланд на домашен терен со 128:112 и го задржаа петтото место во Западната конференција на НБА лигата.

Никола Јокиќ постигна нов трипл дабл со 22 коша, 14 скокови и 14 аистенции.

Кај Денвер 22 коша постигна и Џамал Мари, Кам Џонсон постигна 19, а Кристијан Браун 15 кошеви. Во редовите на Денвер по долга повреда се врати и Пејтон Вотсон, кој постигна 15 коша. 

Во екипата на Портланд најефикасен беше Дени Авдија со 23 коша и 14 асистенции, а Донован Клинган забележа 18 поени со 13 скокови.

Слични новости

Тренерот на Брентфорд Кит Ендрјус го продолжи договорот до 2032

Тренерот на Брентфорд Кит Ендрјус го продолжи договорот до 2032

Тренерот На Брентфорд Кит Ендрјус го продожи договорот со клубот до 2032 година, официјално соопшти Брентфорд. Ирскиот тренер седна на клупата на тимот минатото лето, откако Томас Франк замина од Брентфорд за Тотенхем, каде што подоцна доби отказ.

Клиперси загубија трет натпревар по ред на домашен терен

Клиперси загубија трет натпревар по ред на домашен терен

Лос Анџелес Клиперс го забележаа и третиот пораз во низа на свој терен, овој пат од екипата на Минесота со 88:94. По пауза од речиси цел месец во дресот на Клиперси се врати Богдан Богдановиќ кој играше 17 минути и постигна 8 коша