Денвер Нагетс го победија Портланд на домашен терен со 128:112 и го задржаа петтото место во Западната конференција на НБА лигата.

Никола Јокиќ постигна нов трипл дабл со 22 коша, 14 скокови и 14 аистенции.

Кај Денвер 22 коша постигна и Џамал Мари, Кам Џонсон постигна 19, а Кристијан Браун 15 кошеви. Во редовите на Денвер по долга повреда се врати и Пејтон Вотсон, кој постигна 15 коша. 

Во екипата на Портланд најефикасен беше Дени Авдија со 23 коша и 14 асистенции, а Донован Клинган забележа 18 поени со 13 скокови.

Слични новости

Никола Јокиќ до 25-ти трипл дабл сезонава во победата на Денвер врз Хјустон

Никола Јокиќ до 25-ти трипл дабл сезонава во победата на Денвер врз Хјустон

Ова е четврта година по ред во која Јокиќ постигнува 25 трипл-дабла, по што НБА лигата се огласи со соопштение дека српскиот центар испиша историја бидејќи стана првиот играч во НБА лигата што го достигнал ова остварување.