Денвер Нагетс го победија Портланд на домашен терен со 128:112 и го задржаа петтото место во Западната конференција на НБА лигата.
Никола Јокиќ постигна нов трипл дабл со 22 коша, 14 скокови и 14 аистенции.
Кај Денвер 22 коша постигна и Џамал Мари, Кам Џонсон постигна 19, а Кристијан Браун 15 кошеви. Во редовите на Денвер по долга повреда се врати и Пејтон Вотсон, кој постигна 15 коша.
Во екипата на Портланд најефикасен беше Дени Авдија со 23 коша и 14 асистенции, а Донован Клинган забележа 18 поени со 13 скокови.
Слични новости
Трагедија во НБА почина играчот на Мемфис Брендон Кларк
Кошаркарот на Мемфис Брендов Кларк почина во 29-тата година од животот, соопшти НБА клубот Мемфис Гризлис. Причината за неговата смрт не е објавена.
Левандовски во недела се простува од дресот на Барцелона и најверојатно заминува во Саудиска Арабија
Роберт Левандовски нема да го продолжи договорот со Барцелона и летово ќе ја напушти Каталонија по 4 успешни сезони. Полски извори блиски до Левандовски наведуваат дека в недела Левандовски за последен пат ќе игра во дресот на Барцелона
Минесота израмни на 2:2 со Сан Антонио, Вембенјама исклучен
Клучниот момент на натпреварот се случи во третата четвртина кога најдобриот играч на Сан Анатонио Виктор Вембенјама го удри со лакт во вратот Наз Рид, по што беше исклучен од натпреварот.


